Добредојдовте

За нас

Image placeholder

Како започнавме

Винаријата ВАРДАРСКА ДОЛИНА е основана 2000 година од г-н Андон Ризов и е сместена во прегратките на Тиквешко Виногорје во селото Курија близу Неготино. Тој после долгогодишната работа во Москва, се враќа во татковината и својата љубов спрема виното ја преточува во работа и промоција на Македонското вино, па така вината на ВАРДАРСКА ДОЛИНА први стигнаа до Рускиот пазар.

Следејќи ја дамнешната традиција на овие простори, но исто така и модерната технологија која што се повеќе се развива во овој сектор, денес визбата достигнува капацитет од 800,000 шишиња квалитетни вина и тоа Шардоне, Траминец, Мускат Темјаника, Вранец, Каберне Совињон, Пинот Ноар, Мерлот.

Image placeholder

Производство

Своето производство со 90% го пласира на извозните пазари и тоа Русија, Германија, Чешка, Канада, Бугарија, Хрватска, Србија итн. Винаријата ги одгледува своите насади на Траминец, Темјаника, Шардоне, Каберне Совињон, Каберне Франк на површина од 18 ха. Моментално добавувачи на грозје се долгорочни партнери на визбата кои овозможуваат следење на растот, заштитата и берење на грозјето од своите површини така што квалитетот се запазува од година во година.

Стручниот тим на винаријата се грижи за оваа контрола, па понатаму вината кои се пласираат на странските и домашниот пазар се препознатливи по својот стил, квалитет и оригиналност. Тоа се потврдува и на различните фестивали и саеми на кои визбата партиципира и секогаш е соодветно наградувана.

Image placeholder

Изложби, фестивали, саеми

Досега сме учествувале на Prodexpo Москва, Prowein Дизелдорф, Wine and Spirits Варшава, Beowine Белград, Agrokos Приштина, Vinovita Загреб, Vino & Delikatesy Прага, Vinofest Сараево, Zagreb Vino Загреб, Pomurski sejem Горња Радгона, и на многу други изложби, презентации, и винофестивали во земјава и странство. Впрочем само на вакви манифестации се добива директната оценка од конзументите т.е љубителите на вино, а секако и од потенцијалните купувачи.

Во 2007 година е воведен и НАССР кој го сертифицира реномираната сертификациона куќа СГС. Нашите вина се резултат на искуството, традицијата и љубовта која е вложена во нивното раѓање и развивање. Тие се наменети за луѓето кои имаат дух, за оние кои знаат да уживаат во убавото. Пробајте ги вината на ВАРДАРСКА ДОЛИНА-тоа е правиот начин да го заробите вкусот на свежото зрело грозје.